Милевски: Имаме 14 мечеви во низа без пораз, овие репрезентативци за мене се феномени

48

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денеска го објави списокот на репрезентаљтивци на кои ќе смета за претстојниот пријателски дуел против Летонија на домашен терен, како и за последниот квалификациски меч од Мундијалската кампања против Велс на гости.

Новитети во овој сегашен повик се Бојан Димовски, Кристијан Трапановски и Лирим Ќамили.

„Списокот е ист од минатиот собир, плус повратниците, Димовски, Трапановски и Ќамили. Се надевам дека ќе остане така и до понеделник кога е собирот, во смисла на повреди. Тоа што не очекува во наредниот период, е контролниот меч против Летонија односно квлификацискиот дуел против Велс. Сите сме свесни за предизвикот кој што ни претстои и подготвени за се што следува. Не бев изнервиран на играта против Казахстан. Второт немав замерка на она што е одиграно на тој меч. Се што направивме на тој меч, старниот состав, измените, и се останато, се тоа беше во функција да дојдеме до поволемн резултат. Да можам да бирам не би го одбрал пријателскиот меч против Летонија. Сепак, наша обврска е од УЕФА да имаме десет мечеви во сезоната. Секако дека тој меч ќе послужи за проверка на некои играчи кои немаат голема минутажа тука да имаме дополнителна проверка. Второ, секако дека и од тој меч се собираат ранкинг бодови.  Одиме во Велс да уживаме и да се надигруваме како и пред секој дуел. Се додека имаме шанси за пласман во следна фаза ќе направиме се за да го сториме тоа. Без разлика на минутажата и клубовите, особено последниот период, не сум заодоволен од она што го играат нашите“ – изјави селекторот Благоја Милевски на официјалната прес конференција па доддаде.

„Ниту за Љупче Дориев, ниту за било кој друг играч вратите не се затворени. ЈАс го немам тоа право. ВО овој изминат период многу играчи добиле шанса, и можеби пак ќе ја добијат. Македонија нема енормно голем број на квалитетни играчи за да може некого да отпишеме, напротив. И Дориев и многу други и натаму конкурираат за репрезентацијата “ – рече Милевски.

„Нормално дека сме во минус кога станува збор за бројот на фудбалери кои играат на највисоко ниво. Белгија Велс, се светски велесили, а јас и самиот многу често се прашувам како е можно ние ете да играме против такви селекции на највисоко ниво. Тоа го гледам во карактерот, посветеноста кога се игра во националниот дрес и тимскиот дух“ – поентираше Благоја Милевски.

ПретходноМилевски го објави списокот: Без Алиоски со Велс, повратници се Димоски, Ќамили и Трапановски!
СледноМилевски: Во овој момент најважни се Летонија и Велс, а не мојот договор!