Полувреме: Зејнулаи со тешка повреда, за момент изгуби свест!Добра Шкендија, ама мрежите мируваат! (ВИДЕО)

216

Шкендија има 0:0 по првото полувреме против Јагиелонија вечерва на на Арената во Скопје во меч од. 3.коло во Лигата на Конференции.

Треба веднаш да се каже дека во 40.минути неубави сцени видовме на Арената. Зејнулаи во пад доби удар во глава од свој соиграч и за момент изгуби свест. Сепак се среќа по кусо време, по интервенцијата на лекарскиот тимк, се беше во ред. Место него во игра влезе Красничи.

Инаку добра Шкендија, одигра мудро, имаше и супер шанса преку Тамба, но сепак на крај на пауза се замина со тие почетни 0:0.

3.коло во Лигата на Конференции

ШКЕНДИЈА – ЈАГИЕЛОНИЈА 0:0 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Михаљ Капраљи (Унгарија). Стрелци:/.

ШКЕНДИЈА: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Алхасан, Спахиу, Зејнулаи (44. Красничи), Љатифи, Тамба.

ЈАГИЕЛОНИЈА: Пиекутовски, Војтушек, Стоиновиќ, Витал, Видовик, Флах, Романчук, Драхал, Пиетушевски, Пилулу, Прип.

ПретходноАндонова со два гола го однесе Мадрид во осминафиналето на Купот
СледноРадост на Националната Арена: Љатифи ја носи Шкендија во водство (ВИДЕО)