Собослаи ќе добие нов договор во Ливерпул и ќе биде нов капитен

48
фото: LFC (X)

Доминик Собослај е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул од почетокот на сеозната, па клупското раководство веќе размислува да му понуди нов договор. Капитенот на унгарската репрезентација наскоро ќе добие предлог за нова соработка од управата на „црвените“.

Собослај е еден од кандидатите за следен капитен на Ливерпул, доколку дојде до разделба со Ван Дајк по завршувањето на сезоната.

Ливерпул очигледно ќе му понуди долг договор, но страните се уште се во почетна фаза на преговори. Тековниот договор на Собослај истекува во летото 2028 година.

ПретходноКЛ: Целје, Мајнц и Самсун продолжија со 100% победи, Костадинов и Сигма славеа во Ерменија
СледноАндонова со два гола го однесе Мадрид во осминафиналето на Купот