Шкендија вечерва против Јагиелонија ќе атакува на својата 24-та европска победа!

32

Вечерва од 21 часот, во меч од 3.коло во лигашката фаза во Лигата на Конференции, нашиот шампион се среќава со силната Јагиелонија. Тим од Полска кој во последните сезони доминира во својата земја. Инаку за тетовци ова ќе биде 64-ти меч во Европа во нивната историја. Досега тие успеале во 23 наврати да слават, имаат 11 ремија и 19 порази.

Во случај на победа тогаш тоа ќе биде нивна 24-та.

Од далечната 2011 година и двомечот со Партизан во 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па се до денеска, Шкендија се етаблира како една од нашите најуспешни екипи во фудбалска Европа. Трипати играше во плеј – офот во Лигата на Европа, ама дури оваа сезона испиша историја, се пласира во групната или по ново лигашка фаза во некое европско натпреварување во кое и тоа како добро и оди. Засега има една победа (Шелбурн) и еден пораз (Рајо Ваљекано) и се наоѓа на 20.место на табелата, место кое води во нокаут фазата во ова европско натпреварување.

ПретходноСензационално: Меси се враќа во Европа и ќе игра во ЛШ за турски гигант?!
СледноФК Пелистер: Ги прекинуваме сите институционални односи со ФК Вардар, нема веќе гостински фанови на нашиот стадион! (ФОТО)