Шокантно: Тренерот на Аталанта го нападна својот играч на сред натпревар!(ВИДЕО)

130
screenshot

Иван Јуриќ и Адемола Лукман имаа физички контакт за време на натпреварот на Велодром против Марсеј. Сцените воопшто не беа пријатни за сите во таборот на Аталанта.
Хрватскиот стручњак на клупата на тимот од Бергамо одлучи да го повлече Лукман од игра во 75-тата минута. Овој изгледаше дека не е задоволен и му кажа нешто на искусниот тренер кој веднаш реагираше жестоко. Му се нафрли на својот играч, буквално го нападнаќција. Да не дојде до тепачка се погрижија другите членови на стручниот штаб кои беа во близина, но ова сигурно не беа сцени што ќе ги воодушеват навивачите на италијанскиот клуб. Ситуацијата на крајот се смири.

По мечот Јуриќ искоментира:
„Лукман? Ова се работи што се случуваат секој викенд на фудбалските терени и луѓето постојано зборуваат за тоа. Играчите не се среќни кога ќе ја напуштат играта и ќе престанам тука. Работите ќе се решат во соблекувалната“.

ПретходноБрутален трипл-дабл на Никола Јокиќ, Лука го победи Вембањама! (ВИДЕО)
СледноЈамал: “Меси? Не ме споредувајте со него!“