Атаман со критики за македонскиот репрезентативец: Не сум задоволен од Шортс!

47
ФОТО: Panathinaikos BC/FB

Панатинаикос во новата сезона во Евролигата влезе како еден од најголемите, ако не и најголем фаворит за освојување на трофејот. Стратегот Ергин Атаман доби неколку квалитетни засилувања, како на пример нашиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс. Сепак очигледно е дека на Шортс му треба повеќе време за адаптација.

По поразот од Ц. Звезда во Белград, Атаман отворено го критикуваше бекот на својот тим:

Можам и сакам да кажам е дека не сум задоволен од она што го гледам од Шортс во  дресот на Панатинаикос од стартот на сезонава. Можеби вината е кај него, можеби е кај нас, но на сите им е јасно што очекувавме кога го носевме во ПАО, а што гледаме на теренот. Се надевам дека тоа наскоро ќе се промени“ истакна Атаман.

ПретходноФК Пелистер: Ги прекинуваме сите институционални односи со ФК Вардар, нема веќе гостински фанови на нашиот стадион! (ФОТО)
СледноМилевски го објави списокот: Без Алиоски со Велс, повратници се Димоски, Ќамили и Трапановски!