За нешто повеќе од еден час почнува натпреварот Шкендија – Јагиелонија во рамките од 3.коло во Лигата на Конференции. Познат е стартниот состав на нашиот шампион. Интересно е тоа што Бесарт Ибраими не е меѓу стартерите, тој е на клупа. Во нападот се Спахиу, Љатоифи и Тамба. Ова е почетниот состав на Шкендија на вечерашниот меч со полскиот тим:
Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Р. Рамадани, Алхасан, Спахиу, Зејнулаи, Љатифи, Тамба.
Натпреварот се игра од 21 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Шкендија засега по два меча има три бода. Главен судија е Михаљ Капраљи од Унгарија.










