Милевски: Во овој момент најважни се Летонија и Велс, а не мојот договор!

83

Селекторот на македонската фудбалска, Благоја Милевски денеска на прес-конференција зборуваше за дуелите со Летонија и Велс. Првиот е пријателски и се игра на Арената “Тодор Проески” на 13 ноември, додека пет дена подоцна е квалификацискиот дуел со Велс во Кардиф, последен од групната фаза за СП 2026 година. За Милевски ова се два последни меча како селектор, со оглед на тоа дека неговиот договор истекува на крајот месецот.

Тој засега одлучи да не зборува на оваа тема, потенцира дека е целосно фокусиран на двата натпревари кои следат.

“Имам договор до 30 ноември. Во овој момент максимално сум фокусиран кон дуелите со Летонија и Велс”, изјави предводникот на нашиот најдобар национален тим.

ПретходноМилевски: Имаме 14 мечеви во низа без пораз, овие репрезентативци за мене се феномени
СледноДоминација: Ова се сите рекорди на Јокиќ во една ноќ!