Добри вести од Битола: Хеидарирад и Ристевски се фит, на терените наскоро и Кузманоски

86

Пелистер изминатиот период се соочи со бројни повреди. На удар се голманите на актуелниот првак, но полека, но сигурно на оваа позиција има подобрувања. На теренит се врати Иранецот, Саид Хеидарирад, а наскоро според она што беше најавено во составот треба да го видиме и Давид Брестовац. Мечот против Прилеп го пропушти Никола Митревски, кој поради повреда не настапи во дресот на Македонија за време ЕХФ неделата.

Битолчани ги радува и враќањето на Самоил Ристевски, кој пред шест месеци, ја скриши ногата, имаше оперативен зафат, но овие денови веќе се зад него.

Во најава е кам-бекот на Цветан Кузманоски, кој се повреди во април. Имаше повреда на лигаментите на коленото. Македонскиот репрезентативец наскоро треба да го видиме на терените.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Б.M. ОД СКОПЈЕ ОСВОИ 5.540.729 ДЕНАРИ
СледноВардар 1961 – 65 години години, клуб за сите генерации!