Евролига: Партизан си реди порази, Реал како гостин славеше кај Барса

70
ФОТО: KK Partizan/FB

Вечерва се одиграа последните четири средби од 9.коло во Евролигата. Ништо ново од Партизан, иако одигра сосема солидно на гости кај Олимпијакос, четата на Жељко Обрадовиќ повторно е поразена, овојпат со 80:71 и тоа само поради послабо одиграниот финиш. Партизан и тоа како добро држеше во текот на целиот меч, имаше и предност со која влезе во последниот период, ама следуваа вообичаените киксови и промешени зицери и на крајот Олимпијакос успеа тоа да го искористи и да дојде до победа. Ова е четврти пораз во низа за “црно – белите“ па така сега со скор од 3-6 е на 18.место на табелата.

Драмата во Истанбул, и тоа по продолженијата, ја доби составот на Милано кој славеше како гостин кај Ефес со 93:97.

Жалгирис речиси и да немаше проблеми на свој терен против составот на Валенсија, забележа победа со 86:77, па така сега со скор од 7:2 се наоѓа на делба на првото место заедно со Ц.Звезда и Хапоел.

И во последниот меч, во кошаркарското „Ел Класико“, Реал како гостин успеа да дојде до победа кај Барса со 92:101.

ПретходноДе Лаурентис: Стадионот “Марадона“ е депонија!
СледноЧеферин најави промена во квалификациите за ЕП и СП!