Во чест на одбележувањето на 65 роденден на клубот, Вардарц1981 го престави официјалното лого кое симболично ја отсликува историјата и славното минато на клубот кое до крајот на јубилејната сезона ќе ги краси и дресовите.
“Клуб за сите генерации претставува омаж на ракометните легенди, спортските работници и навивачите кои шест и пол децении заедно ја создавале црвено-црната приказна која со истиот став, стремеж и емоција продолжува да живее и понатаму!
Во таа насока, ги покануваме сите навивачи на дерби натпреварот против Алкалоид, кој ќе се одигра во недела во ракометниот храм со почеток од 18:30ч.
Продажбата на билети се врши онлајн како и на билетарницата пред сала,од 10:00-18:00ч.
Онлајн продажба на билети
https://ticketx.com.mk/events/vardar-alkaloid
Да ги наполниме трибините и да го бодриме Вардар за уште една голема и важна победа!
Клуб со славно минато – клуб за сите генерации” соопштија од Вардар.










