ГРАДИМЕ СПОРТ, ГРАДИМЕ ИДНИНА! Министерството за спорт реализира 41 инфраструктурен проект во 22 општини

26

Министерството за спорт ја заокружува годината со значајни резултати во делот на спортската инфраструктура.

Реализацијата на капиталните проекти и вложувања во изградба, обнова и реконструкција на спортските објекти се еден од главните приоритети на Министерството за спорт во изминатите 16 месеци со јасна цел – создавање на современи и безбеди услови за спорт и рекреација во секоја општина низ државата.

Во рамките на оваа заложба, Министерството за спорт реализира 41 инфраструктурен проект во 22 општини. Изградени и реконструирани се над 30 мултифункционални спортски центри, изградена е атлетска патека во гевгелија, целосно реконструирани се неколку спортски сали, а започна и постапката за изградба на три нови спортски сали – во Воената академија во Скопје, во општина Аеродром (кај ФФМ) и во Крушево.

Во изминативе месеци  беше откочена постапката за повеќе капитални објекти – довршена беше изградба и беа пуштени во употреба базенот во општина Кисела Вода и во Штип, во завршна фаза е базенот кај салата „Наум Наумовски Борче“ во општина Карпош, а наскоро ќе бидат во функција и базените во Битола и во Кичево.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, изрази задоволство од досегашната реализација и најави уште поинтензивна работа и нови проекти во следниот период.

-Горди сме на она што успеавме да го постигнеме во изминатиов период. Ветуваме уште повеќе работа и уште повеќе проекти – истакна  Ристовски.

 

Видео материјалот што го проследуваме ги прикажува реализираните и отпочнатите инфраструктурни проекти и напредокот во спортската инфраструктура низ државата.

 

 

ПретходноОколку 700 полицајци беа ангажирани, шестмина лица се уапсени пред мечот Астон Вила и Макаби
СледноНоу Камп конечно отворен, Барса одржа тренинг на својот стадион (ВИДЕО)