Јасно е дека кога се игра добро, кога твојата екипа игра добро во Европа, а ти си одличен во дефанзивата, ќе има интерес за евентуален трансфер. Па така според Опен-ТВ, за Имран Фетаи свој интерес пројавил Лех Познањ, еден од најголемите клубови во Полска.
Како што се наведува во информцијата, скаути на полскиот клуб биле на вчерашниот меч меѓу Шкендија и Јагиелонија, на кој Фетаи и тоа како одигра добро, всушност како и сите играчи на нашиот тим кои немаа среќа во последната секунда примија гол и со тоа испуштија голема победа.
Инаку за Фетаи има интерес и од други клубови во Европа, не само од Лех Познањ.










