Најновите информации од Атина укажуваат дека враќањето на Матијас Лесор на теренот нема да се случи толку брзо колку што се очекуваше.
Според „Новаспорт“, повредата на францускиот центар е многу посериозна отколку што се надеваше Панатинаикос.
„Според ексклузивни информации од „Новаспорт“, резултатите од последната магнетна резонанца на Лесор беа разочарувачки. Тие не беа ни блиску до она што луѓето од Панатинаикос, ниту самиот Лесор, го посакуваа. Ова значи дека времето, не за играње, туку дури и за започнување со редовни тренинзи, е многу подалеку отколку што очекуваше Панатинаикос. Затоа, имам впечаток дека Панатинаикос би можел да бара не еден, туку двајца високи играчи“, изјави Григорис Папавасилиу за клубот.










