МКК Куманово победнички во Гостивар

1

Во последниот денешен меч во рамките од 6.коло во кошаркарската Суперлига, гостинскиот состав на МКК Куманово успеа да победи кај Гостивар со 65:79.

Ова е петта победа на кумановци на досега одиграните шест средби од стартот на новата сезона. Гостите важеа и пред натпреварот за фаворити и таа улога ја оправдаа и играчки и резултатски.

Во првата фаза од средбата тие имаа преднсот од 35:41, па така со +6 поени заминаа на пауза. Во продолжение од средбата, во таа трета четвртина само ја зголемија разликата на +8 поени, за да и во последниот период покажаа сила и беа подобри за крајни и конечни 65:79.

Уште еднаш кумановци покажаа дека со нив нема шега оваа сезона. Играат добро, победуваат и затоа се при врвот на табелата.

Кај домашните најефикасни беа Младеновиќ и Караџиќ со 16 и 15 поени, додека кај победничкиот состав, кај МКК Куманово, Митревски запиша 20 поени а Луковиќ 17.

ПретходноПознат е планот: НБА Европа ќе се игра во овие 12 градови!