Ноу Камп конечно отворен, Барса одржа тренинг на својот стадион (ВИДЕО)

83

Општо е познат фактот дека легендарниот стадион на Барселона, Ноу Камп е во фаза на реновирање. Клубот повеќе од две години своите мечеви не ги игра на овој објект, а денеска конечно се врати таму.

По две години откако стартуваше реновирањето, тимот за прв пат се врати на Ноу Камп и одржа тренинг на него.

Истиот беше отворен за јавноста, и привлече илјадници гледачи. Тренингот беше закажан за 11:00 часот по локално време, а дел од навивачите веќе во 09:00 часот беа на своите седишта.

Мора да се напомене дека за огромен дел од играчите на Барселона, ова беше прво стапнување на теренот на Ноу Камп.

 

ПретходноГРАДИМЕ СПОРТ, ГРАДИМЕ ИДНИНА! Министерството за спорт реализира 41 инфраструктурен проект во 22 општини
СледноПаоло Ваноли е нов тренер на Фиорентина