Околку 700 полицајци беа ангажирани, шестмина лица се уапсени пред мечот Астон Вила и Макаби

9

Шест лица беа уапсени во близина на Вила Парк во Бирмингем за време на неколку про-израелски и про-палестински протести. Протестите се одржаа пред натпреварот од четвртото коло на Лигата на Европа помеѓу Астон Вила и Макаби Тел Авив, кој заврши со победа од 2-0 за домаќините.

Полицијата соопшти дека четири лица се уапсени за прекршување на јавниот ред и мир (од кои три биле расистички), едно за одбивање да ја отстрани маската, а друго за непочитување на наредбата од полицијата.

Вкупно приближно 700 полицајци беа распоредени за обезбедување на натпреварот. Како што истакнува Дејли Телеграф, ова е седум пати повеќе од бројот на полицајци присутни на другите натпревари на Астон Вила во европските клупски натпреварувања, забележува БТА.

Голем број про-палестински демонстранти се собраа во близина на Вила Парк, а многумина скандираа навредливи пораки.

ПретходноТухел изненади со повикот на Вортон од Кристал Палас