И дефинитивно проектот „НБА Европа“ станува сè појасен и појасен. Во тоа нема дилеми. Џорџ Ајвазоглу, генерален менаџер на НБА Европа, го опиша планот на ова ново кошаркарско натпреварување.
Тој зборуваше на „Фудбалскиот бизнис форум“ на Универзитетот Бокони и рече дека ова првенство ќе започне во октомври 2027 година и дека ќе има 12 учесници.
Тие 12 клуба се од следниве градови:
„Мадрид, Барселона, Милано, Рим, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул“, наведува италијанската „Газета дело Спорт“.
Ова се клубовите кои ќе играат:
1. Реал Мадрид
2. Барселона
3. Олимпија Милано
4. клуб од Рим
5. клуб од Манчестер
6. клуб од Лондон
7. Париз или Пари Сен Жермен
8. Асвел
9. Алба
10. Баерн Минхен
11.клуб од Атина
12. Галатасарај
Ова е поткрепено со веста дека Алба одлучила да игра во Лигата на шампионите на ФИБА оваа сезона, и дека Асвел, традиционално најнеамбициозниот клуб во Евролигата, наскоро ќе го следи истиот пат.
Овој развој на настаните имплицира дека Црвена звезда и Партизан, српските претставници во Евролигата, не се во плановите на НБА.










