Раднички 1923 до крајот на годината ќе игра во црни дресови во чест на Жижовиќ!

29
ФОТО: FK Radnički 1923 Kragujevac/FB

Пред неколку дена фудбалските фанови на овие простори, беа во шок кога ја слушнаа веста дека Младен Жижовиќ на само 44 година почина од срцев удар, и тоа за време на натпревар на кој го водеше својот Раднички 1923. Да потсетиме дека Жижовиќ и тоа како беше поврзан со Македонија како успешен тренер во Шкупи пред две сезони. Потоа како тренер на нашите Николов и Шишковски во минатата сезона во Борац Бања Лука, па и во Раднички каде десетина дена соработуваше со нашиот репрезентативец Лука Станковски.

По повод смртта на својот тренер, Раднички 1923 година се одлучи на сите преостанати мечеви да игра во црна опрема во чест на Младен Жижовиќ.

ПретходноРеал Мадрид е машина за пари: Планираниот приход за 2025/26 ќе биде фантастични 1.248.000.000 евра!
СледноДефанзивецот на Шкендија интересен за еден од најголемите полски клубови!