Јасно е кој клуб е најголем во светот. Јасно е кој е нај, нај. Јасно е дека тоа е Реал Мадрид. Она што “кралевите“ го прават финансиски е нешто што никогаш не е видено во историјата на фудбалот.
Како да се објасни ова. Во 2024/25 приходот беше 1.185.000.000 евра, а раководството на клубот очекува дека на крајот од оваа сезона, бројката ќе скокне на 1.248.000.000, што би бил највисок приход на фудбалски клуб во историјата, објавува AS. Реал Мадрид има добри шанси да ја пробие границата од 1.000.000.000 евра трета година по ред.
Се очекува најголемото зголемување на приходите да дојде од стадионот. “Сантијаго Бернабеу“ стана објект што генерира неверојатна сума пари, Реал полека почнува да ги жнее плодовите од скапата реконструкција вредна 1.760.000.000 евра, која шпанскиот клуб ќе ја враќа до 2053 година. Зафатот веќе е завршен и претходно, само во 2024/25 година. Реал Мадрид имаше приходи од 79.100.000 евра од Бернабеу без продажбата на билети и местата во ВИП ложата.
Од популарната тура на стадионот, клубот заработи 52.600.000 евра, рекорд за кој било деловен простор во Шпанија, од разни настани и концерти 15.400.000 евра, а од ресторани 10.300.000 евра. Сето ова во време кога стадионот не работеше со полн капацитет поради работите што се изведуваа.
Оваа сезона се очекува целосно активирање на зоните за храна и пијалоци, завршување на целосно нова ВИП зона, организирање концерти, НФЛ натпревари, Скај бар, продавници, божиќен тематски парк и уште многу други работи. Музејот Прадо како една од најголемите туристички дестинации во Мадрид не може ни приближно да се спореди со она што го прави Сантијаго Бернабеу. Замислете само колку пари ќе заработи Реал кога неговиот дом ќе добие дополнителни содржини и карактеристики. Еден од најпознатите стадиони во светот генерира приход дури и кога таму ништо не се случува, а камоли кога има натпревари.
Ете тоа е Реал Мадрид, машина за пари.










