Кошаркарите на ТФТ и натаму се максимални во нашата елитна кошаркарска лига. Тие вечерва во меч од 6.коло успеаја да слават против сосавот на Ангели со 67:57 и со тоа ја продолжија победничката серија, сега имаат “шест од шест“ од стартот на сезоната.
Интересно е да се каже дека на овој меч во “првото полувреме“ се играше крајно неефикасно, па така на пауза се замина со неверојатен резултат од 27:16 за тимот од Тафталиџе.
Во продолжение од средбата се играше далеку поефикасно, а таа трета четвртина ја добија гостите со 18:22.
Сепак тоа не беше доволно за некоја посебна закана кон фаворитот, зошто во последниот период ТФТ беше подобар со 22:19 за конечна победа на крајот.
Гордон со 21 поени беше најефикасен кај победничкиот состав, додека Ибраими кај гостите исто така запиша 21 поени.
На вториот меч од терминот од 17 часот, одигран во салата “Јасмин“ во Кавадарци, Феникс 2010 како гостин успеа да слави против Тиквеш со 82:86.
Интересен и возбудлив меч, кој ете на крајот го добија гостите. Во првиот период бепе 24:23, но затоа во втората четвртина кавадарчани беа подобри со 23:12. Сепак победникот беше решен во третата четтвртина која гостите ја добија со 20:34. Во продолжение од средбата Феникс 2010 знаеше како треба и на крајот заслужено славеше.
Најефикасен кај победничкиот тим беа Рахама и Дајсон со по 23 поени, додека кај домашните Андерсон запиша 19 поени.










