Убава вест од Тетово поврзана со Арбин Зејнуилаи, кој во таа 40.минута на мечот со Јагиелоноја се повреди и за момент изгуби свест.
Сепак се е во ред со него. Од таборот на Шкендија вечерва информираат дека Зејнулаи бил на рендгенско снимање, кое за среќа не откри сериозна повреда. На натпреварот од третото коло од Конференциската лига на УЕФА помеѓу Шкендија и Јагиелонија (1:1), во 40-тата минута од натпреварот, Арбин Зејнулаи доживеа удар во лицето, по што ја изгуби свеста на неколку моменти.
Благодарение на брзата и професионална интервенција на медицинскиот тим, ситуацијата веднаш беше ставена под контрола, додека играчот беше заменет од безбедносни причини. Според извештајот на медицинскиот персонал на клубот, дејствијата беа преземени во согласност со протоколите и препораките за повреди од ваков карактер. Денес, Зејнулаи бич на рендгенско снимање, кое за среќа не откри сериозна повреда.
По ова играчот ќе одмара околу 2-3 дена, по што се очекува да се врати на тренажниот процес со тимот.










