Шкендија синоќа, во меч од од 3.коло во Лигата на Конференции, до 90+10.минута ја имаше победат в раце што се вели против Јагиелонија. И тогаш буквално во последните секунди од средбата, прими гол и остана без два златни бода во битката за нокаут – фазата во ова натпреварување.
Стрелец на тој водечки гол за тетовци во 49.минута беше Лиридон Љатифи, на кого ова му беше трет гол оваа сезона во Европа.
Во интервју за клупскиот сајт тој најпрво се осврна на моментот од 40.минута кога Арбин Зејнулаи се повреди и за момент изгуби свест:
„Вистина е дека проблемот со Арбин малку нè дебалансира, но фала му на Бога што е добро. Му посакувам брзо закрепнување и се надевам дека ќе ни се врати што е можно поскоро, бидејќи е многу важен играч за Шкендија“.
Во продолжение напаѓачот на тетовци истакна:
„Досега во Европа победивме многу квалитетни противници, можеби дури и подобри од противникот против кој игравме вчера. Секако, работиме секој ден за да бидеме уште подобри и се надевам дека ќе продолжиме со ова темпо. Сега ќе се вратиме на првенството, бидејќи првенството е сè за нас во овој момент. Ќе мора да ги фокусираме сите наши сили таму и да размислуваме за следниот натпревар.Секако дека сум среќен за голот, но ќе беше поубаво да победевме“ заклучи Љатифи.










