Две нови имиња во списокот на Станиќ за дуелите со Шведска и Полска

222

Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 13 и 18 ноември ќе биде домаќин на два квалификациски натпревари за Европското првенство 2027 против селекциите на Шведска и Полска. Двата натпревара ќе се одиграат на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје.

По четири кола од групата за пласман на ЕП 2027, Македонија има победа против Ерменија. Полска и Италија се на првите две места со максимални 12 бодови.

Во составот на Горан Станиќ се најдоа двајца нови фудбалери Матео Софијаноски од Македонија Ѓ.П. и Реџеп Мурати од Башкими.

„Анализирајќи ги претходните четири натпревари, можам да кажам дека резултатски не сум задоволен. Според прикажаната игра на теренот, заслуживме најмалку четири бода повеќе во дуелите со многу силни противници, кои се фаворити во нашата група. Сепак, скапо нè чинеа неколку индивидуални грешки. Против квалитетни репрезентации како овие со кои играме, нема простор за такви пропусти.

Нè очекуваат два тешки натпревари против селекции кои играат модерен и брз фудбал, но ние имаме квалитет да се спротивставиме на било кој противник. Ќе играме храбро, како и на секој натпревар и целта ни е да постигнеме позитивен резултат.

Што се однесува до составот, повик добија двајца нови фудбалери кои со своите игри во клубовите го заслужија повикот, Матео Софијаноски од Македонија Ѓ.П. и Реџеп Мурати од Башкими. Добро е што сите останати фудбалери имаат солидна минутажа во своите клубови и со тоа ја одржуваат формата на потребното ниво за ваков тип на натпревари“, изјави Станиќ. 

Селекторот Горан Станиќ за претстојните натпревари со Шведска и Полска се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (А.П. Брера);

Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Реџеп Мурати (Башкими), Меметриза Хамза (Струга Трим Љум), Џезаир Авдули (Арсими);

Среден ред: Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Љум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Матео Софијаноски (Македонија Ѓ.П.), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена звезда, Србија);

Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (А.П. Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички);

ПретходноСепак не е самобендисан: Роналдо му се восхитува на Ѓоковиќ
СледноМилојевиќ: Сакате оставка? Еве ви ја давам – ја навредуваа мојата фамилија!