Новак Ѓоковиќ стигна до своето 144-то финале во кариерата и ќе игра за својата 101-ва титула во сабота во Атина. Во полуфиналето го победи Германецот Јаник Ханфман со 6:3, 6:4 во два сета, а во решавачкиот меч ќе се натпреварува против подобриот од дуелот меѓу Мусети и Корда.
Најдобриот тенисер на сите времиња речиси и да немаше посебни проблеми на овој меч кој траеше околу 80 минути. Едноставно на Германецот не му даде шанса да се понадева дека може да дојде до изненадување.
Сега на ред е финалето, а во каква форма е Новак, јасно е дека без разлика кој ќе му биде противник, Мусети или Корда, Србинот ќе биде голема фаворот во финалето на турнирот во Атина.










