Има ли спас за Работнички!? Можеби, но не со овие кои го уништија

570

Два месеци без победа, со само три бода на осум натпревари и заковани на дното од табелата каде Работнички е само пред отпишаното Шкупи. Двата шампионски тима имаат многу нешта заеднички околу лицата кои ги уништија но тука пред се во фокусот е „залутаниот“ стратег Ердем Алпарслан.

Турскиот тренер прво го „суреди“ Шкупи а еве по денешниот пораз од Башкими во Куманово (2:1), истото му го направи и на Работнички. Но, што е виновен тренерот кога некој го поставил, кога некој одлучил дека неговата „струка“ е вистинската за фалениот состав на „Романтичарите“ каде и талентите потонаа со хаосот во клубот на секаков план па и на резултатски. Само 7 бодови!

Раскажувачите на “приказни“, сега ги нема, кога е густо тие први бегаат – како и секогаш кога било така во годините наназад. Страшната положба во Работнички е повеќе од загрижувачка. Иако малубројни, вистинските навивачи и поддржувачи на овој клуб се прашуваат: „Има ли спас за Работнички!?“. Има затоа што сезоната е долга, може да се спаси нешто но не со овие „познавачи на приликите“ и експерти за „таленти“.

Некој цехот треба да го плати, некои институции ако имаат интерес за хаосот во спортот веќе оддамна требаше да се погрижат за странските или поточно „турските“ газди во фудбалските клубови низ земјава. Резултатите се мерилото за нечија работа но ова што се случува во Работнички е уште една жална приказна како тоа во земјава умира тивко и полека пред очите на сите уште еден голем фудбалски бренд.

Важно од ваквите бродоломи има и такви кои добро профитираат. Тоа што минатата недела јавноста го виде со Башкими и оној пораз од Арсими еве сега тој тим победува со стил и лесно иако Работнички намали во последните секунди за „утешен“ пораз ако сеуште може да се каже дека постои зборот утеха за клубот од Дебар маало.

И да, „за танго“ се потребни „двајца“.  Башкими не може сам да „игра“. Сега веќе смената на тренерот Арпаслан е и очекувана, но хаосот кој го создаде во тимот се гледа од авион. Дали чуваше некои „младински“ репрезентативци за настапите на националната селекција сеуште не се знае. Во мак-фудбалот во последни две години се нешто и некои тајно работат. Но, за умирање на еден фудбалски бренд каков што е Работнички не смее да се премолчи.

ПретходноЏирона со домашен триумф над Алавес
СледноРоб Едвардс ќе биде новиот менаџер на Вулверхемптон