Формата е минлива, класата е вечна. Така некако оди фразата која што ги опишува сериозно добрите спортисти што постигнале огромни успеси во кариерите, а потоа и во зрели години и натаму импресионираат со своите изведби.
Како поинаку да се објасни фактот што Лука Модриќ, некогашниот освојувач на Златната топка, и на полни 40 години е најдобар играч на тимот на Милан. И не само на Милан, туку во целата Серија А.
Хрватот го доби признанието за најдобар во месец октомви, што е по малку неверојатно со оглед на конкуренцијата. Серија А, е преполна со квалитетни фудбалери, но ете во моментов, според експертите Модриќ е подобар од сите нив.










