Милан „прокоцна“ 0:2 кај Парма, Салемакерс и Пулишиќ промашуваа зицери

27
фото: AC Milan (X)

Парма успеа да остане непоразена на домашен терен во вечерашниот меч од 11-тото коло во Серија А против екипата на Милан, играјќи нерешено 2:2.

„Росонерите“ имаа водство од 2:0 во првиот дел, но избраниците на тренерот Масимилијано Алегри значително попуштија во продолжението и им дозволија на разиграните „млекари“ да освојат бод по извонредните втори 45 минути.

Головите за Милан ги постигнаа Салемакерс и Рафаел Леао, додека Парма преку Бернабе намали во завршницата на првиот дел, а израмни Дел Прати во вториот дел.

До крајот на натпреварот имаше одлични шанси на двете страни. Прво, Пулишиќ промаши „цицер“ кога шутираше покрај стативата од совршена ситуација, а потоа Салемакес излезе сам пред голманот на Парма, Сузуки, го заобиколи, но не успеа да ја погоди небранетата мрежа од падот.

Парма исто така имаше шанса за победа преку резервниот играч Хернани, чиј слободен удар го одбрани голманот на гостите Мањан.

ПретходноСпалети задоволен од играта на Јуве на градското дерби
СледноМало Густо со гол првенец, Челзи славеше против „волците“