Екипата на Работнички го запиша четвртиот триумф оваа сезона, откако на домашен терен го победи Чаир со 87-84 во меч од шестото коло во Супер-лигата. За најтрофејниот кошаркарски колектив ова беше четврта победа во низа, на другата страна Чаир го запиша шестиот пораз во серија.
Првото полувреме помина со бројни промени на резултатот и водството, со тоа што домаќинот со серија од 8-0 на одморот се избори за двоцифрени 50-39. Во третата четвртина кошаркарите на Работнички водеа и со 63-50, но гостите најдоа начин како да се вратат во последниот период. Со серија од 9-0 намалија на 72-70, а потоа израмнија на 74-74. Сепак финишот на мечот кој беше неизвесен му припадна на Работнички.
Хатсон со дабл-дабл од 31 поен и 13 скока беше лидер кај победникот и кошаркарот кој беше смирен во финишот, зад него беше со 19 поени, Ефремовски имаше 16. На другата страна Билингсли имапе 25 поени.










