ГРК Охрид имаше лесна задача против Пролет, на домашен терен славеше со 30-21 во меч од 11 коло во Супер-лигата. Ова беше осма победа за охриѓани и засега остануваат четврти на табелата.
Гостите од Скопје беа рамноправен противник во првото полувреме кое заврши со 13-11. ГРК Охрид во вториот дел поведе со 17-12 и почна да го гради патот кон победата.
Бојан Блажевски со 17 одбрани царуваше на својот гол, Гоце Ојлески беше прв стрелец со осум гола. На другата страна Стојановски беше стрелец на седум погодоци.
На останатите две средби Радовиш загуби дома од Прилеп со 24-29, додека Струга беше поразена од вториот тим на Пелистер со 22-26.










