Бомба од Италија: Левандовски и Модриќ заедно во Милан?

37
Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Во потрага по засилување на напаѓачката линија, Милан фрли око на Роберт Левандовски и веќе размислува за негов ангажман во претстојниот јануарски преоден рок, пишуваат шпанските медиуми. Договорот на Левандовски со Барселона истекува следното лето, што отвора простор за преговори.

Можното пристигнување на Полјакот би ја следело стратегијата што клубот ја примени при доведувањето на Лука Модриќ. Капитенот на Хрватска, кој има 40 години, многу брзо стана клучен играч во тимот на Масимилијано Алегри, а се претпоставува дека и Левандовски веднаш би можел да стане дел од ударниот состав на „росонерите“.

Милан сезонава постигна 15 гола на 10 натпревари во Серија А. Левандовски минатата сезона реализираше 42 погодоци на 52 натпревари, а во својата кариера има постигнато повеќе од 700 голови — играјќи за полската репрезентација (87), Баерн (344), Борусија Дортмунд (103) и Барселона (105).

Можното заминување на Левандовски во јануари би ја натерало Барселона да излезе на пазар во период што обично е резервиран за краткорочни, а не долгорочни решенија. Од друга страна, неговото заминување би ослободило значителен дел од буџетот за плати. Каталонскиот клуб наскоро ќе мора да донесе конечна одлука за иднината на 37-годишниот напаѓач.

ПретходноНикола Јокиќ покажа зошто е најдобриот кошаркар на светот (ВИДЕО)
СледноВМФЛ: Дербито се игра во Штип, лидерот на гости во Неготино