ВМФЛ: Дербито се игра во Штип, лидерот на гости во Неготино

75
ФОТО: Фудбалски клуб Брегалница / Football Club Bregalnica/FB

Денеска од 13 часот на програмата се сите осум средби од 12.коло во ВМФЛ во тековната сезона. Секако дека се очекува најинтересно да биде во Штип, каде во дербито на колото се среќаваат екипите на Брегалница и Беласица, и на двете екипи не им одговара реми, ќе се оди на победа во секој случај.

Лидерот Шкендија (А) ќе гостува во Неготино и против домашниот состав на Вардар ќе оди по трите бода. Исто така интересно и пред се неизвесно би требало да биде на дуелот во Охрид, каде истоимениот тим го дочекува составот на Скопје.

Под Шара се среќаваа македонските некогашни гиганти Тетекс и Победа, кои оваа сезона грчевито се борат да обезбедат опстанок во второлигашкото друштво.

Во продолжение можете да ги видите сите денешни двојки.

ДВОЈКИ ЗА 12.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

Тетекс – Победа

Кожуф – Осогово

Вардар (Н) – Шкендија (А)

Брегалница – Беласица

Новаци – Слога (В)

Саса – Детонит

Преспа – Г.Коњари

Охрид – Скопје

ТАБЕЛА

Шкендија (А) 29, Брегалница 29, Охрид 24, Скопје 23, Беласица 22, Детонит 19, Новаци 17, Кожуф 16, Осогово 16, Саса 13, Тетекс 10, Победа 10, Вардар (Н) 10, Преспа 6, Слога (В) 4, Г. Коњари 3.

ПретходноБомба од Италија: Левандовски и Модриќ заедно во Милан?
СледноБашкими vs Работнички: Дуел на кој ќе се „лечат рани“!