Малешевиќ со апел пред дуелот со МЗТ: Дојдете во сала, а ние ќе сториме се за да ве израдуваме

16

Пелистер вечерва (20 часот) на домашен терен го пречекува МЗТ Скопје во големото дерби на шестото суперлигашко коло. „Сино-белите“ се актуелни шампиони на Македонија што само по себе секогаш е мотив плус за нивните противници, но Пелистер игра импресивно во домашното првенство, веќе има пет победи во низа и ќе стори се за триумфалната серија да ја продолжи и против МЗТ.

МЗТ Скопје исто така има само победи од стартот на сезонава, но аеродромци го загубија службено дуелот со Ангели,па заостануваат два бода зад Пелистер, предност што „зелено-белите“ ќе се обидат дополнително да ја зглемат со триумф.

„Пред нас е тежок дуел, дерби на колото… иако е ран дел од сезоната, многу е важно да одиграме квалитетно и да успееме да славиме на дуелот со актуелниот шампион. МЗТ е многу искусна екипа со квалитетни играчи на сите позиции. Ние мораме да одиграме клективн, да одговориме на предизвикот и со тимски напад, но и одбрана да стигнеме до посакуваниот резултат. Поддршката од навивачите секогаш е многу важна, а особено на ваквите дерби средби на кои присуството на фановите е драгоцено за нас. Затоа, ги повикувам сите кои се во можност да дојдат и да ни дадат поддршка, а ние ќе дадеме се од себе за да ги израдуваме“, порачува Никола Малешевиќ, српскиот интернационалец во редовите на Пелистер.

За потсетување, големото дерби ќе биде од хуманитарен карактер и сите средства од продадените влезници ќе бидат доделени на семејството на битолската кошаркарска легенда, Зоран Петковски, кој почина минатиот месец.

Покрај оваа средба, денеска нешто порано, поточно во 15 часот Работнички ќе го пречека Куманово.

ПретходноГолемиот Сер Алекс му се поклони на Пеп Гвардиола!
СледноЛионел Меси ефект – Аргентинец направи големи промени во САД