Ракометарките на Металург Автокоманда со одличен резултат се враќаат од гостувањето во Хрватска, каде денеска го одиграа првиот меч со екипата на Сплит во рамките на ЕХФ Европскиот куп.
Девојките од Автокоманда извлекоа реми 24:24 и на реваншот на домашен терен ќе бараат победа за пласман во следното коло. Металург може да жали што не успеа да оствари и победа, затоа што имаше висока предност од пет гола разлика во еден дел од мечот, а на полувреме водеше со 12:13.
Коларовска со 8 погодока беше лидер во составот на нашиот претставник, а добар натпревар одиграа и Миновска и Божиновска кои завршија со по 3 погодока.
Реваншот меѓу Металург Автокоманда и Сплит ќе се одигра на 16 ноември во салата во Автокоманда со почеток од 15:00 часот.










