Редно беше: Алпарслан Ердем си поднесе оставка, Работнички ќе бара друг тренер!

257
ФОТО: FK Rabotnicki/FB

По се она што се случуваше во изминатите нешто повеќе од два месеци, по катастрофалните резултати и игри на Работнички, и редно беше. Имено како што дознаваме, Алпарслан Ердем по поразот од Башкими денеска, си поднел оставка.

Затоа велиме дека и редно беше. По ова јасно е дека Работнички ќе мора да бара друг тренер, ама кој и да дојде секако ќе биде подобар од Ердем, кој прво се “прослави“ во Шкупи, а потоа и во Работнички каде беше стратег од 29 август па до сега.

Инаку Работнички од 1998/99 сезоната, откако влезе во ПМФЛ, никогаш не бил во поочајна состојба. Од клубот кој има освоено осум трофеио, по четири во ПМФЛ и во Купота на Македонија, по блескавите европски успеси и резултати, па падна на такво ниско ниво што навистина е повеќе од тажно.

Во овој момент Работнички е претпоследен на табелата, само пред веќе “второлигашот“ Шкупи.

ПретходноГризман за уште една победа на Атлетико (М)
СледноГвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома