Големиот Сер Алекс му се поклони на Пеп Гвардиола!

35

Сер Алекс Фергусон му честиташе на Пеп Гвардиола за претстојниот 1.000-ти натпревар како менаџер. Шпанецот ова оставрување ќе го простигне во недела, кога неговиот тим Манчестер Сити ќе го пречека Ливерпул во Премиер-лигата.

„Пеп! Со задоволство те поздравувам во престижниот клуб 1.000 на славните на Здружението на фудбалски менаџери. Твојата длабока љубов и страст кон играта отсекогаш биле очигледни и со право можеш да бидеш горд на неизбришливата трага што продолжуваш да ја оставаш во светскиот фудбал“, рече легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, кој додаде. 

„Да се ​​достигне бројката од 1.000 натпревари и да се одржи таква долговечност во фудбалот е достигнување чие значење не може да се потцени. И да се продолжи да се освојуваат титули во лигата, трофеи од Лигата на шампионите и домашни купови во три од најконкурентните лиги во Европа е навистина извонредно“, додаде Фергусон, кој има над 2.000 натпревари во својата тренерска кариера.

Покрај Манчестер Сити, Гвардиола ги водеше и Барселона и Баерн Минхен.

ПретходноМатлиески: Одиме во Охрид со јасна цел – да излеземе на терен максимално мотивирани
СледноМалешевиќ со апел пред дуелот со МЗТ: Дојдете во сала, а ние ќе сториме се за да ве израдуваме