Најдобриот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во својата кариера, победувајќи го Лоренцо Мусети во три сета во финалето на турнирот во Атина.
Ѓоковиќ го победи Мусети со 2-1 во сетови, по повеќе од два и пол часа тенис и голем пресврт – 4:6, 6:3, 6:4 – со што предизвика еуфорија кај публиката во атинската „ОАКА Арена“.
Србинот на тој начин се приближи до Роџер Федерер на вечната листа со 101 титула, со оглед на тоа што Швајцарецот има 103, а Џими Конорс е сè уште пред нив со 109. Тој ја освои и својата 72-ра титула на тврда подлога, надминувајќи го Федерер на вечната листа.










