Гризман за уште една победа на Атлетико (М)

13
фото: LALIGA (X)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид продолжија да нижат победи во шпанската Ла Лига, откако вечерва на својот стадион со 3:1 славеа над екипата на Леванте.

„Јорганџиите“ поведоа во 12-тата минута со автоголот на Дела, но само девет минути подоцна Санчез израмни на 1:1.

Тој резултат остана важечки до 61-вата минута, кога Антоан Гризман влезе во игра на место на Бариос и веднаш постигна гол за 2:1, по асистенција на Љоренте. Гризман го реши прашањето за победникот во 80-тата минута со својот втор гол за конечни 3:1 .

ПретходноНепобедливиот Арсенал прими два гола и замина со бод од Сандерленд (ВИДЕО)
СледноРедно беше: Алпарслан Ердем си поднесе оставка, Работнички ќе бара друг тренер!