Рекорд: Постигна гол само 28 секунди откако влезе во игра (ВИДЕО)

34
фото: rubén (X)

Антоан Гризман, вечерва собори децениски рекорд во шпанската Ла Лига. Имено, Французинот постигна три гола во последните две кола, а вечерва и два во победата на Атлетико (М) над Леванте со 3:1, и тоа откако влезе од клупата за резерви.

Она што ќе се памети на овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупа во историјата на шпанската лига. Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот на местото на Бариос (ВИДЕО).

Ова е најбрзиот гол од резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.

ПретходноГвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома
СледноХаос во Битола, МЗТ Скопје со голема победа над Пелистер