Непобедливиот Арсенал прими два гола и замина со бод од Сандерленд (ВИДЕО)

39
фото: Premier League (X)

Во фантастично возбудлив натпревар, фудбалерите на Сандерленд успеаја да останат непоразени на домашен терен во дуелот со лидерот Арсенал, откако во судиското надополнување постигнаа гол за 2:2. Многумина се сомневаат во квалитетите на овој тим на Сандерленд, но „црните мачки“ уште еднаш покажаа дека играат во фантастична форма.

Домашните поведоа со голот на Даниел Балард во 36-тата минута и по 812 минути успеа да ја затресе мрежата на неприкосновениот Давид Раја. Сепак, Арсенал со пресврт беше многу блиску до триумф. Букајо Сака во 54-тата минута ја користи топката на Микел Мерино за 1:1, а Леандро Тросар постигна брилијантен гол дваесет минути подоцна за 1:2.

Арсенал изгледаше добро се до послендите минути од 7-минутното продолжение, кога по асистенција на стрелецот на голот Балард, резервистот Брајан Броби постигна израмнувачкиот гол.

Сандерленд е на трето место во моментов и им направи огромна услуга на Ливерпул и Сити, кои можат да ја намалат разликата доколку некој од нив победи во големото дерби во недела.

ПретходноБлажевски царуваше во Охрид, Пролет немаше сили за изненадување
СледноГризман за уште една победа на Атлетико (М)