Никола Јокиќ покажа зошто е најдобриот кошаркар на светот (ВИДЕО)

124
фото: Denver (X)

Денвер Нагетс продолжија со доминацијата на домашен терен откако убедливо го совладаа Голден Стејт Вориорс со 129-104 во рамките на првиот меч од НБА Купот. Ова беше петта победа на екипата од Колорадо на исто толку натпревари пред својата публика. Никола Јокиќ беше на чекор до трипл-дабл, зад своето име заапиша 26 поени, девет скокови и девет асистенции со што беше прв стрелец во редовите на Нагетс, додека Џамал Мареј со 23 поени.

Вориорси повторно играа без својата најголема ѕвезда, Стеф Кари, кој во првиот сезонски дуел против Денвер ја донесе победата на својот тим во продолжение, сега го пропушти и овој меч поради болест. Во составот на Голден Стејт се вратија Дрејмонд Грин и Џими Батлер, но ни нивниот придонес не беше доволен. Грин натпреварот го заврши со 17, а Батлер со 16 поени, но тимот запиша и петти по ред пораз на гостински терен.

Вориорси внесоа неизвесност во мечот во текот на втората четвртина кога ја искористија кратката пауза на Јокиќ и со серија од 11:0, додека тој беше на клупата, стигнаа до само поен заостанување (32:31). Но, по тајм-аутот, следуваше силен одговор од домаќините — Мареј погоди две тројки, Валанчунас додаде уште една и започна серија на Денвер од 34:18, по која на полувреме заминаа со голема предност (66:49).

До крајот на третата четвртина Нагетс го зголемија водството на 99:77, па Јокиќ можеше целата последна четвртина да ја гледа од клупата. Српскиот центар беше на само еден скок и една асистенција од својот шести „трипл-дабл“ оваа сезона, иако одигра само 28 минути.

Сите резултати:

Орландо – Бостон 123:110

Вашингтон – Кливленд 114:148

Атланта – Торонто 97:109

Бруклин – Детроит 107:125

Сан Антонио – Хјустон 121:110

Мемфис – Далас 118:104

Мајами – Шарлот 126:108

Милвоки – Чикаго 126:110

Минесота – Јута 137:97

Денвер – Голден Стејт 129:104

Сакраменто – Оклахома 101:132

ПретходноРоналдо: “Од тој ден не сум бил на гробишта!“
СледноБомба од Италија: Левандовски и Модриќ заедно во Милан?