Пелистер со жалба: Наместо кошаркарите судиите ја имаа главната улога

175

КК Пелистер по драмата во Битола и поразот од МЗТ Скопје ја информира јавноста дека поднеле официјална жалба поради судиските одлуки во самиот финиш. Арбитрите ги исклучија тренерот и официјалното лице на домашниот тим после нивната реакција по досуден прекршок на нецела минута до крајот.

КК Пелистер ја информира јавноста дека веднаш по мечот испрати официјална жалба до федерацијата поради начинот на кои арбитрите ја делеа кошаркарската правда на овој дуел, во кои наместо кошаркарите, тие се најдоа во главна улога”, се вели во соопштението на Пелистер.

МЗТ Скопје славеше со 67-72 и со тоа му го нанесе првиот пораз на Пелистер.

ПретходноМало Густо со гол првенец, Челзи славеше против „волците“