Рибакина ја „среди“ Сабаленка и го освои Финалниот ВТА турнир во Ријад

22
фото: wta (X)

Шампионката на Вимблдон во 2022 година и шестата светска тенисерка, Елена Рибакина од Казахстан, го освои Завршниот турнир на ВТА во Ријад, Саудиска Арабија. Во финалето, таа ја победи Белорусинката, Арина Сабаленка, со 6-3, 7-6 (7-0).

Натпреварот траеше 1 час и 48 минути. Рибакина сервираше 13 аса, направи две двојни грешки и реализираше една од шест брејк топки. Сабаленка сервираше пет аса, не направи ниту една двојна грешка и не реализираше ниту една од нејзините пет брејк топки.

Елена Рибакина го освои финалето на ВТА за првпат во својата кариера. Оваа титула беше нејзин 11-ти трофеј.

ПретходноКристијано Роналдо со сто голови и асистенции во дресот на Ал Наср
СледноМеталург Автокоманда се враќа со реми од гостувањето во Сплит