И повеќе од шокантна беше веста, на тој 3 јули, дека фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, загинал во страшна сообраќајна несреќа што се случила на северот од Шпанија.
Познато е дека Жота патувал со својот брат Андре во Сантандер, од каде требало да се качи на траект за Ливерпул за да стигне до почетокот на подготовките за новата сезона. Не му било дозволено да оди со авион поради белодробна емболија, а неговиот брат Андре се согласил да му прави друштво. Но, за жал, Жота ја изгубил контролата врз Ламборџинито и се удрил во заштитната ограда, а тој и неговиот брат починале на самото место.
Нивната смрт го шокирала фудбалскиот свет, а неколку дена подоцна биле погребани во малото гратче Гондомар, кое се наоѓа во близина на Порто. Голем број играчи на Ливерпул и португалската репрезентација присуствувале на погребот, но многумина биле непријатно изненадени што Кристијано Роналдо не дошол да го испрати својот соиграч од репрезентацијата.
Роналдо се најде е под жестоки критики, но дури сега решил да открие зошто донел таква одлука и дека за тоа постојат две причини.
„Постојат две причини за таквата одлука. Откако почина татко ми, никогаш повеќе не отидов на гробишта, од тој ден не стапнав на гробишта. Второ, ако ме познавате, знаете дека каде и да одам, има циркус. Вниманието ќе биде насочено кон мене и едноставно не сакав тоа да се случи“, рече Роналдо.










