Струга силна против Арсими

61

Тимот на Струга ТЛ повторно е лидер на домашната ПМФЛ конкуренција. Барем до утре кога Вардар ќе го игра својот дуел против тимот на Тиквеш. А дотогаш стружани се на првата позиција на табелата благодарение на денешниот висок и убав триумф на домашен терен против тимот на Арсими од 4:0.

Во дуел во кој домаќинот тотално домонираше и не дозволи во ниту еден момент победата да биде надвор од досегот. Напротив, навремено водство, навремен удвојување на истото, за да до крајот на мечот Струга обезбеди и сериозна предност против тимот на Арсими.

Марјан Радески во 20. минута ја искористи домашната иницијатива и ја доведе Струга ТЛ во водство. На стартот на вториот дел Буњамин Шабани со два брзи гола стави до знаење на каде треба да оди овој меч. Погоди во 54. односно 55. минута, за да веќе резултатот биде 3:0, и нештата стабат јасни.

Во самиот финиш на мечот, ги постави конечните 4:0 на овој меч.

Со оваа победа, тимот на Струга Трим Лум стигна до 32. бода и прво место по тринаесет одиграни мечеви, додека пак Арсими остана на оние 15 бода кои ги имаше пред овој меч.

 

ПретходноТаткото на Вирц: Наскоро ќе се адаптира, соиграчите признаваат колку е добар
СледноТриумф на Башкими, Работнички тоне ли тоне