Во дербито од ВМФЛ конкуренцијата денеска, тимот на Беласица извојува злато вреден триумф на гостувањето кај Брегалница во Штип од конечни 0:1.
Стрелец на единствениот гол на овој меч беше, кој што со својот гол обезбеди ектра бодови за струмичани во годинешниот шампионат.
Од друга страна пак, лидерот на ВМФЛ шампионатот, Шкендија Арачиново со 1:2 триумфираше исто така на гости, кај екипата на Вардар од Неготино.
Охрид е една од екипите која што го искористи својот терен за победа, и тоа против тимот на Скопје. Саса и Детонит одиграа 2:2, додека пак Тетекс славеше над Победа од Прилеп во Тетово со минимални 1:0.
Резултати:
Брегалница – Беласица 0:1
Кожуф – Осогово 0:0
Новаци – Слога Виница 4:0
Охрид – Скопје 1:0
Преспа – Големо Коњари 4:2
Саса – Детонит Плачковица 2:2
Тетекс – Победа 1:0
Вардар Неготино – Шкендија Арачиново 1:2










