Хаос во Битола, МЗТ Скопје со голема победа над Пелистер

242
фото: KK MZT Skopje Aerodrom (FB)

Дербито на шестото коло во Супер-лигата помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје го доби македонски првак, кој славеше со 67-72. Ова беше прв пораз за битолчани сезонава. Во самиот финиш беше вистинска драма со технички грешки и исклучувачки за домаќините.

Во Битола публиката не можеше да ужива во поинтересна кошарка, бидејќи двата тима на теренот одиграа полувреме со скромен број на поени.

Во првата четвртина се играше изедначено со тоа што МЗТ Скопје беше подобар со 13-15. Во следниот период повторно имаше скромен број на кошеви, посебно за гостинската екипа која постигна 14 поени, додека домаќинот 19, за вкупни и ретко видени 32-29 на одморот.

Изедначената игра продолжи и во третиот дел, па пред стартот на решавачките десет минути МЗТ Скопје имаше минимални 49-51.

На стартот на последната четвртина Пелистер направи неколку грешки, МЗТ Скопје направи серија од 12-2 за 51-63.

Мек Кејден повлече, се надоврза Војдан за први двоцифрени 49-59 во 33 минута. На другата страна Пелистер беше без идеја во нападот и реализација во нападот, првите поени ги постигна после четири минути, Малешевиќ беше прецизен од линијата за слободни фрлања за 51-59.

На две минути до крајот, Пелистер успеа да ја стопи негативата на само пет поени (60-65). Мек Кејден го сопре налетот на противникот, по неспортската на Малешевиќ, но неизвесноста и тензијата продолжија. Битолчани ги бојкотираа одлуките на судиите во самиот финиш, технички грешки имаше и за клупата. Мечот порано заврши и за Боро Даскаловски, кој доби исклучувачка. Пелистер се обиде со брзи фаули да дојде до пресврт, но не остана време.

Меккаден со 20 и Гил со 17 поени го предводеа шампионот до оваа гостинска победа, додека кај екипата на Пелистер Стајиќ постигна 17, а Малешевиќ 16 поени.

ПретходноРекорд: Постигна гол само 28 секунди откако влезе во игра (ВИДЕО)
СледноНорис тргнува прв на Интерлагос, Верстапен доживеа целосен крах