Вистински дерби натпревар на стартот од новото Премиер лига коло, одиграа екипите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед во Лондон. Конечните 2:2 се резултат на исклучително интересен, неизвесен и со пресврти полн натпревар.
Патрик Мбеумо го отвори резултатот, по одличниот погодок со глава во 32. минута, на асистенција на Амад Диало.
Во вториот дел, Јунајтед ја одржуваше предноста се до 84. минута кога Матис Тел погоди од свртување за 1:1.
Да биде хаосот уште поголем, Ришарлисон во првата минута од судиското продолжение прави комплетен пресврт до 2:1. Сепак, возбудувањата не завршија тука, затоа што Матијс Де Лихт во шестата минута од продолжението ги постави конечните 2:2.










