Мартин Томовски и неговиот Битигхајм продолжуваат да блескаат сезонава. Тимот на македонскиот репрезентивен голман на домашен терен после вистинска драма го совлада Б.Дормаген со 31-30.
Во последните секунди неговиот соиграч, Јан Хрдличка го одбрани нападот на противникот за голема радост во редовите на Битигхајм. Прв кој се стрча на теренот после овој момент беше Мартин Томовски, иако не беше на голот за овој меч, тој беше пресреќен.
Томовски покажа што значи да си тимски играч, а тоа го забележа и неговиот тим, кој сподели видео-запис од овој момент.
View this post on Instagram










