ПМФЛ: Конечно и Пелистер победи!

176
ФОТО: Brera Strumica/FB

Пелистер – Брера 1:0 е исходот од попладневниот меч од 13.коло во нашата елитна фудбалска лига. Ова е вкупно трета победа сезонава или прва на битолчани од 25 август, кога славеа против Шкупи во меч од 3.коло.

Важни се трите бода, важно е дека Пелистер ја прекина црната серија. Битолчани не блескаа, но сепак се чини заслужено славеа.

Секако, ова е и прва победа за Милан Стојановски како тренер на битолчани.

Инаку во првата фаза од средбата како и двете екипи да беа резервирани, како да се “испитуваа силите“ што би се рекло. На првата закана се чекаше до 14.минута кога по една контра. Ндзенгуе имаше можност да додаде, но тој беше себичен и ништо од оваа акција на гостите.

Пелистер имаше супер шанса во 20.минута кога Петар Петковски од само неколку метри шутиташе со глава, но над голот на струмичани. Само три минути подоцна, Вилдан Керим му покажа како треба на Петковски. Убав шут со глава и убав гол за 1:0 за домашните фудбалери.

Не минаа ни две минути од овој гол, Ндзенгиуе можеше да ги шокира домашните, но неговиот шут беше лесен плен за домашниот голман.

Па така со тие 1:0 за Пелистер фудбалерите на двете екипи се упатија кон соблекувалните на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола.

Во второто полувреме струмичани и тоа како се отворија. Сепак првата шанса за гол ја имаа домашните, кои преку Миленковски можеа да дојдат до 2:0, но ништо од нова радост на битолчани.

Во 74.минута гостите преку Ндзенгуе ја погодија домашната мрежа, ама веднаш се виде дека напаѓачот на гостите е во длабок офсајд, па затоа голот беше сосема оправдано поништен.

Во самиот финиш на средбата Брера тргна на се или ништо, Величковски и Драме имаа свои шанси, но немаше гол.

ПретходноСасуоло ја декласира Аталанта и тоа среде Бергамо!
СледноВардар со триумф над Тиквеш повторно застана на лидерската позиција